Шкендија и Пелистер повторно меѓусебе за титулата во Купот

Шкендија и Пелистер во реприза на ланското финале ќе се борат за титулата во фудбалскиот Куп на Македонија.

Попладнево на реваншот од првото полуфинале во дуелот на двете екипи од Тетово, Шкендија како гостин славеше против Ренова со 2:0 благодарение на Бесарт Ибраими кој ги реализираше двата погодока. По првите 90 минути немаше победник средбата заврши 1:1.

Второто полуфинале започна еден час подоцна и во него Академија Пандев го совлада актуелниот првак Пелистер со 2:1 во основниот дел идентично како на првата средба, но во пенал-рулетот Битолчани беа подобри со 3:2 и ќе имаат можност да ја бранат титулата.

Шкендија и Пелистер финалето ќе го одиграат на деветти мај.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ