
Шкендија го освои Купот и ја заокружи сезоната со двојна круна
Шкендија го совлада Пелистер со 3 – 0 во финалето од фудбалскиот Куп На Македонија што се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.
Тетовци вторпат во клупската историја стигнаа до пехарот заокружувајќи ја успешната сезона со двојната круна откако триумфираа и во домашното првенство.
Шкендија поведе со голот на Муслиу во 20. минута за 1 – 0, резултатот со кој двете екипи заминаа на одмор.
По седум минути игра во вториот дел Ибраими го удвои водството а точка на натпреварот стави Муслиу со вториот гол во 72. минута за конечни 3 – 0.
Шкендија му се реваншираше на Пелистер за ланскиот пораз во финалето.