Шкариќ: Вметнувањето на Рамковниот договор во Преамбулата е политичка одлука и договор

„Промената на преамбулата на прв поглед изгледа ситна, но е многу значајна. Владата сака да го одбегне манифестот на АСНОМ кој е проблематичен за Грција. Сегашните предлагачи на уставните измени сакаат одлуките на АСНОМ да ги заменат со проглас, освен манифестот кој не фигурира во прогласот. Манифестот на АСНОМ повикува на обединување“, кажа Шкариќ.

„Целиот договор со Грција е правен поради едно прашање, Република Македонија да рефрелктира само на едно географско подрачје. Концептот на обединета Македонија се одржува долго време, никој не може да го побие и претставува дел од историјата“.

„Очигледно е дека станува збор за политички договор со вментување на Охридскиот рамковен договор во Преамбулата. Ако Охридскиот рамковен договор биде вметнат во Преамбулата, Македонија може да добие на стабилност. Во Договорот се гарантира унитарност на државата“.

„Охридскиот рамковен договор не е целосно преточен во Уставот. Ако Рамковниот договор стане уставна категорија преку Преамбулата, тогаш Уставниот суд може полесно да одлучува.  Менувањето на Преамбулата е политичка одлука. Јас бев критичар на Рамковниот договор, но денес го гледам многу пошироко“.

„Битен е зборот Македонија. Штом зборот Македонија опстојува, тогаш идентитетот е загарантиран. Не гледам ништо спорно во менувањето на имињата на државните институции“.

„Грција покажува поголема чувствителност кон територјалните претензии отколку иметo. Кога станува збор за македонското малцинство во странство нема некои позначајни измени во предложените амандмани“.

„Треба да се уреди со одлука дека амандманите стапуваат на сила веднаш кога Грција ќе го ратификува Договорот и протоколот. Ако измените поминат, Македонија ја заврши својата задача. Ако Грција не го исполни својот дел тогаш се губи смисла а Договорот ќе остане за во архива како доказ за добрата воља на Македонија“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ