
Шилегов: За расчистувањето на дивите депонии потребно е време
Депонијата кај Вардариште се создавала повеќе од 30 години, па сега ги чувствуваме последиците од натрупаниот комунален отпад – одговори Шилегов на прашање за пожарот кој избувна вчера во близина на стационарот. Не прифати целосна одговорност за чистење на депониите кои се наоѓаат во Градот, кажа дека и Општините имаат задача да ги исчистат дел од нив. Во Скопје има околу 500 диви депонии, а зимоска се напишани повеќе од 200 казни за фрлачи на ѓубре.