
Шилегов за натрупаниот смет во Скопје: Се појави еден ден криза, ќе ја надминеме
За натрупаниот смет во текот најдолгиот полициски час, градоначаникот Шилегов во вечерашната Топ тема на Телма призна дека направиле погрешна проценка.
“Се појави еден ден криза, во ред е. Ќе ја надминеме. Од утре состојбата се воведува во нормала и јас не очекувам дека ќе имаме вакви слики во иднина ” – изјави Шилегов во Топ Тема.