Шилегов ќе го заобиколи фашизмот и „шаката јад“ на Иванов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го осуди говорот на омраза искажан во Крушево на Мечкин Камен при прославата на државниот празник Илинден. Шилегов го осуди и обраќањето на претседателот Иванов кое смета дека е несоодветно.

„Се надевам дека Иванов ги слушна „повиците“ на неговите следбеници денес на Мечкин Камен. Ако е таква „неговата“ Македонија, тогаш, не. Благодарам. И ќе го заобиколувам. Тоа не е мојата, нашата, ако сакате и илинденската и асномска Македонија. Тоа е фашистичка Македонија. На тој пат, господине Иванов, одете сами. Со таа „шака јада“ околу Вас. А ние ? Ние „ладно“ ќе Ве заобиколиме. И ќе ја исправиме Македонија на вистинскиот пат. На извесна и подобра, европска иднина. Збогум „заобиколен““, напиша Шилегов на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ