
Шилегов го повика градоначалникот на општина Сарај ревносно да ги примени законските обврски
Додека се чека на Општина Сарај да ја заврши постапката околу барањата за легализација на дивите платформи, кои според најавите на градоначалникот Блерим Беџети ќе бидат одбиени, остануваат само апели да се воведе ред на Матка.
Градоначалникот Шилегов го повика колегата Беџети ревносно да ги примени законските обврски.
Во меѓувреме, надлежните државни институции, се прогласија за ненадлежни да постапуваат, се додека Општина Сарај не донесе одлука околу барањата за легализација.
Засега ниту министерството за транспорт и врски ниту Државниот градежен инспекторат не се огласија за луксузните викендички, изградени во заштитената зона на Кањонот, покрај брегот на реката Треска.