Шилегов чека сопствеништво на спомениците од “Скопје 2014” за да ги отстрани

Скопскиот градоначалник Шилегов чека градот да го добие сопствеништвото на спомениците од „Скопје 2014“, за да реши од каде да почне со отстранување на секоја трага од проектот во главниот град.

Документацијата покажува дека сопственоста им припаѓа на Општина Центар, а одржувањето е на градот.

Чистењето на сите споменици и фонтани – кои службите редовно ги одржуваат, ја олеснува градската каса за петстотини илјади евра годишно.

Град Скопје ќе го врати одржувањето на спомениците и фонтаните во надлежност на Општината Центар, ако сопственоста на истите не биде пренесена на градот.

Оваа тема стана актуелна во јавноста по скопското невреме пред една недела, кога се урна дел од барокната фасада на зградата на „МЕПСО“ изградена како дел од „Скопје 2014“.

Тогаш градоначалникот изреагира дека се што е дел од проектот треба да биде тргнато од градот. На брифинг со новинарите Шилегов уверува дека отстранувањето не е неисплатливо, затоа што за тоа нема да биде ангажирана фирма туку ќе ги отстрани градот.

Спомениците во Скопје беа поставени во времето кога градоначалникот на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, а неговиот наследник во фотелјата Андреј Жерновски потоа се договори со тогашниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски за одржувањето на истите да биде задача на градот и тие да трошат половина милион евра годишно.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ