
Шилегов: Борбата со загадениот воздух не е реалити шоу
По неколкуденвното екстремно загадување во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов изјави дека надлежните служби превземаат краткорочни мерки, ни и прават анализи за системско решение на проблемот.
Шилегов рече и дека се вршат инспекциски контроли кои им пишуваат казни на несовесните граѓани и фирми кои го загадуваат воздухот, проблем кој не е решаван со години и за кој треба посветеност од сите.
Додека градоначалникот ја даваше изјавата, измерената загаденост со ПМ честички во центарот на Скопје беше 6 пати поголема од дозволените 50 микрограми на кубен метар.
-Сите треба да се откажеме од определени навики за посупешна борба, ова бреме не е реалити шоу и не може да се изведе со филмска брзина, рече скопскиот градоначалник на презентација на проектот за пречистителна станица за Скопје, која би требало да почне да се гради во Скопје во 2020-та година и би чинела околу 120 милиони евра.
Средствата за физибилити студијата за пречистителната станица за отпадни води ги донира Франција.
М.С.