(видео) Шестмина новозаболени болничари од кумановската болница

Шестмина нови заболени од корона вирус се вработени во кумановската болница. Нивните позитивни  резултати пристигнале денеска а се работи за медицински сестри и акушерки, потврди за Телма директорката на болницата. Таа вели дека во понеделникот биле земени брисеви од 71 вработен а се уште ги чекаат поголемиот број од тестовите. Со новозаболените вкупната бројка на заболени од болоницата се искачи на 24 ца. Инаку за дел од овие не се знае од каде се заразиле, според информациите на телма дел имале заболени во семејствата но и покрај тоа доаѓале на работа и не кажувале, додека пак дел дури и со симтоми на корона се појавувале на работно место. Според директорката Захариева во болницата се вработени вкупно 685 мина и не може да се контролира секој пооделно, па за тоа е оставено на совеста на луѓето. Утрово бил одржан состанок со колегиумот и итно е испратено барање до Министерствтово за здравство и до комисијата за заразни болести, во болницата да не се примаат трудници поради опасноста за нивното здравје. Сите вработени одржале и обука за користење на заштитната опрема и покрај тоа што иста таква имале и пред почетокот на кризата, вели Захариева за Телма.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, потврди дека има шестмина новозаболени медицински лица и ги соопшти одлуките на Кризниот штаб.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ