Шестмесечно бебе заразено со морбили

Шестмесечно бебе од Куманово е првиот случај на морбили во земјата. Со здравствени комликации завршило на клинички, но во моментот е стабилно. Заразен е и 40-годишен маж од Скопје. И во двата случаи не е познат изворот на зараза, но јасно е дека тие не се епидемиолошки меѓусебно поврзани.

„Првите симптоми почнале на 8-ми јануари, а на 16-ти хопитализирано и клинички докажано со компликација бронхопневмонија. Дететто сега е во добра општа состојба, колку што знам денес ќе си оди дома“, кажа д-р Гордана Кузмановска, Институт за јавно здравје.

Епидемиолозите предупредуваат, антивакциналната кампањи го зголемуваат ризикот од појава на нова епидемија во земјата, а заради нискиот опфат на имунизација можни се и смртни случаи. Ризикот расте и со ширењето на епидемијата во регионот.

„Епидемиолошката ситуација на терен се отсликува  во актуелната ситуација и за жал, очекуваме и понатаму да имам е се поголем број заболени, па и смртни завршетоци. Една Романија за две годишен период со епидемија од повеќе од 10 илјади заболени има 37 смртни случаи, соседна Србија го регистрираше и третиот смртен случај, предупреди д-р Гордана Кузмановска, Институт за јавно здравје.

2017-та година Македонија ја заврши со 20 заболени. После првите 10 случаи, прогласена беше епидемија на морбили во областа кванташка депонија. Извор на зараза беше Косово. Кон крајот на годината епидемијата беше отповикана.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ