
Шеста управа на МВР во нови црни одела платени по 109 евра
За 53.650 евра, МВР набави црни одела за машките припадници на шестата управа и црни комбинации за неколкуте женски членови на службата за обезбедување на ВИП личности.
Купените цивилни униформи денеска беа претставени во МВР, каде беше обелоденето дека еден комплет чини 109 евра без ДДВ. Набавени се 464 машки и 39 комплети женска цивилна облека за припадниците на овој оддел.
-Целта на нашето работење е унапредување на стандардите на професионалното работење на сите вработени во министертството. Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на работни ангажмани и задачи и Министерството е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерот Спасовски изјави дека при крај е и набавката на нови униформи за Единицата за специјални задачи-Тигар и дека планот е промоцијата на новите униформи да биде на 7-ми мај, денот на МВР.