Шест нови заболени од корона вирус, вкупно 76

Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани шест лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и двајца сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за Канал 5 изјави дека во МВР има еден вработен заболен од корона вирусот. Чулев објасни дека станува збор за информатичар, а  не за полицаец. Додаде дека веќе се пратени луѓе во самоизолација, а со Институтот за јавно здравје, по препораките, извршена е дезинфекција во сите простории во кои што бил.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ