
Шест месеци затвор за таткото на Боки 13, Миле Јовановски
Таткото на Боки 13, Миле Јовановски денеска лично не ја слушна пресудата од 6 месеци затвор. Не дојде на изрекувањето на кое присуствуваше само оштетениот, неговиот сосед и свештеник Виктор Стојчев. Судот објасни дека казната е таква бидејќи Јовановски го тепал попот пред малолетните деца и жена, после вербална караница за паркинг место.
За нападнатиот поп на овој начин правдата е задоволена.
Инаку на минатото рочиште Јовановски призна вина, но во изјавите за медиумите рече дека секој би реагирал така на провокациите од попот упатени кон неговиот син.
Инаку ова е прва пресуда за Јовановски. Но за него се води истрага во случајот „Рекет“, каде е осомничен за финансиски малверзации во невладината Меѓународен сојуз, чиј претседател беше неговиот син Бојан.
Билјана Николовска