
Шеќеринска во аудио бомба на Ел Чека барала „принципиелно“ гласање во ДИК од функционер на ДУИ по локалните избори 2013-та
Кичевецот Ел Чека од Америка “пука’’ нови бомби на Фејсбук. Сега тврди дека се разговори меѓу министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и Фатмир Бесими од ДУИ.
Според објавувачот на телефонските разговори во 2013 тата Шеќеринска од опозиција бара од тогашниот вицепремиер Фатмир Бесими како што вели поддршка за приниципиелно гласање во државната изборна комисија по локалните избори во 2013-та, а таа од соговорникот бара членот од ДУИ, Субхи Јакупи, „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.
„За битна работа те барам. Опозицијата победува во две општини Куманово и Центар, и таму да се прегласува не е нормално. Ова може да влије на извештајот на европската унија за напредокот на Македонија. Одлучувачки ќе биде вашиот глас таму на Субхи. Од тоа што гледам како гласал навистина принципиелно работел. Тоа е потребно, така да гласа, а не услуга да се прави“ –вели Шеќеринска во разговорот.
Експресна реакција стаса и од министерката Радмила Шеќеринска која со објава на социјалните мрежи ја признава автентичноста на разговорот, но затоа отфрла дека влијаела или се мешала во работата на државната комисија.
„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.“ – напиша Шеќеринска на Фејсбук.
Во Центар сепак имаше прегласување, а Жерновски ја понесе победата во вториот круг од локалните избори.
За тој изборен циклус специјалното јавно обвинителство стаса и до пресуди против поранешени функционери од ДПА; ДУИ и ВМРО –ДПМНЕ заради изборни измами.
Ел Чека несигурно чекори кон бројката од 6000 ауди разговори кои ги најави, а објави само неколку десетици.
Шекерим Ахмеди познат како Ел Чека заработи обивнение и датум за судење. Судењето против него се одолжува поради неговото отсуство.
Тој живее во САД но судот ќе чека официјално известување од МВР дека е недостапен за да почне судење и без него. На кичевецот обвинет за неовластено прислушкување и тонско снимање, му се закануваат од 1 до 5 години затвор.
Павле Беловски