
Шекеринска: Тимовите на Одбрана се подготвени за преговорите со НАТО
Тимовите на министерството за одбрана за преговори со НАТО се подготвени и веќе работат на своите обврски, внатре во министерството, иако преговорите се уште не се започнати. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска информираше дека сега дополнително се чекаат насоките од работниот комитет на владата за преговорите.
„Ние практично не престанавме да работиме. Бевме свесни дека ако 10 години си стоел во место, кога ќе се отвори шансата мораш да трчаш, а не да одиш. И затоа стратешкиот одбранбен преглед го изработивме за 10 месеци, иако неколку години бил одлаган. Тимовите продолжија да работат“, Радмила Шекеринска, министер за одбрана на Македонија.
Шекеринска притоа е уверена дека историска шанса која ја има Македонија со поканата за НАТО и можност да ги почнеме преговорите со ЕУ, нема да ја испушти.
Црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ, кој со Шекеринска денеска го посети центарот за обука на пилоти на АРМ, пак порача дека влезот на Македонија, но и на целиот регион во НАТО е неопходност бидејќи тој сам тешко може да се избори со различна нестабилност и ризиците.
„За сите нас би било многу подобро целиот регион да се интегрира и да ставиме точка на разните големо-државни проекти кои се раѓаа во регионот и на расправа за границите на територии и слично. Потоа може да се посветиме на економскиот развој, бидејќи толку долго заостанувававме зад развиениот свет, што сме денеска на периферијата на развиена Европа“, Предраг Бошковиќ, министер за одбрана на Црна Гора.
Бошковиќ е уверен дека референдумот во земјава ќе испее и дека Македонија набрзо ќе влезе во НАТО. Тој притоа информираше во процес на пристапување во НАТО црногорската армија поминала низ бројни реформи, вклучително и на безбедносниот сектор и на човечките ресурси.
Шекеринска во контекст на човечките ресурси на АРМ рече дека малите армии како македонската не можат да бидат моќни со оружје, но можат да имаат квалитетни луѓе. За тоа, вели Шекеринска, мора да се имаат мотивирани професионалци. Таа притоа информираше дека во тек е процесот за набавка на нова воено-теренска униформа за припадниците на АРМ и на чизми, а со Генералштабот на АРМ е договорено да се издвојата средства, новите службени униформи за АРМ од кои дел, како што рече, скапуваат по магацини, да бидат докомплетирани и дадени во употреба.
Тамара Грнчароска