Шеќеринска: Поканата за членство во НАТО не зависи само од нас

Надавањето со датум кога Македонија ќе влезе во НАТО, и дали тоа ќе биде на следниот самит во јуни , според министерката Шеќеринска не е најдобра опција. Од наша страна се прави се, а целта е да се тргнат сите резерви дали Македонија заслужува членство во ЕУ и во НАТО. Убедена сум вели, дека тоа ќе го постигнеме во првиот период од годинава. Поканата сепак не зависи само од нас. Потребно е и решение на спорот со името. Според неа, Македонија јасно покажала дека работи на него, и дека го очекува годинава, а не за 10 години.

Според деканот на факултетот за безбедност, Македонија нема друга опција освен НАТО. Во меѓувреме до добивањето покана треба да превземаме чекори кои зависат само од нас.

На прашањето што доколку Македонија и годинава не добие покана за членство, Шеќеринска посочи дека секоја држава мора да ја гарантира својата безбедност без разлика на се и дека за да стане членка на НАТО треба да даде гаранции дека внесува стабилност. Министерката за одбрана и деканот Дујовски потпишаа меморандум за соработка, кој подразбира можност студентите од Факултетот за безбедност да се стекнат со практично знаење работејќи во Министерството.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ