Шекеринска очекува Пендаровски да ги поништи указите на Иванов за АРМ

Министерката за одбрана е убедена дека новиот претседател Стево Пендаровски ќе ги поништи указите со кои неговиот претходник Ѓорге Иванов изврши промени АРМ, поточно го унареди по чин началникот на Генераштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, изврши смена на три командни генералски места во АРМ и изврши упатувања на воени претставници во странство, а за кои Аниткорупциска донесе одлука дека се незаконски.

Дефинитивно, сегашниот претседател ги има сите ингеренции што има еден претседателот во полн капацитет особено во делот на поставувањата тоа ќе биде одлука која ќе ја носи Пендаровски, рече Радмила Шекеринска, вицепремиер и министер за одбарана.

Шекеринска а е убедена дека и новиот претседате нема да дозволат законите да бидат кршение.

Таа информираше дека Антикорупциска вчера од Министерството ги побарало дополнителни документите со кои се извршиле решенијата на Иванов, кои како што информираше таа ќе им бидат доставени в понеделник.

Тоа значи дека оние решенија кои што се исплатени повисоки плати, тие не само што ќе мора да бидат поништени, туку с еразбира дека ќе треба да се варатат. Мислам дека помал дел од проблемот беа платите, бидејќи едно од тие решенија не беше донесено. Јас требаше да го донесам и јас кажав дека нема да бидам соучесник во кршење на законите и не го направив тоа. Мислам дека многу поважна беше политичката порака, дека законот важи за и секој претседател, како што важи за премиер, како што важи за министер, вели Шекеринска.

На началникот на ГШ, Ѓурчиновски новиот чинот му носи 7.500 денари повисока плата од дотогашната од 77.000. Поставувањата им донесе поголеми плати и на бригадниот генерал Орце Јордев поставен за замени-командант и полковник Драган Ковачки за командант на Првата механизирана пешадиска бригада и полковник Бесник Емини за началник на Штаб на ЗОК.

Антикорупциска со одлукаста дека указите од 25 февруари на Иванов се незаконски и го кршат Изборниот законик и Законот за спречување корупција и на судир на интереси на претседателот во заминување му поднесе две прекршочни пријави. До вчера Иванов ги немаше платено прекршочните казни чија висина се движи од 300 до 500.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ