Шекеринска: Нема политичка заштита, секој што е вмешан ќе одговара

Законот важи за секој од нас посебно и ние сите им даваме поддршка и очекуваме сите други институции да си ја завршат својата работа. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната заедничка прес-конференција со командантот на Националната гарда на Вермонт полковники Грегори Најт.

-Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се појават снимки никој не тврди дека се лепени, сечени и монтирани. Оваа држава се промени и кога ќе се види криминал институциите реагираат. Кога за првпат излегоа некакви информации премиерот беше тој што ги информира надлежните институции и двајца се во притвор. Кажавме дека од прв до последен не сме заштитени. Покажавме дека никого не штитиме, туку дека дозволивме, дозволуваме и ќе овозможиме сите институиции да спроведат целосна истрага, никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас посебно и ние сите им даваме поддршка и очекуваме сите други институции да си ја завршат својата работа. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со повикот на претседателот Стево Пендаровски сите поврзани со случајот „Рекет“ самостојно да се пријават во Јавното обвинителство и да дадат исказ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ