
Шекеринска: Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО
Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот на ратификување на протоколите, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која информираше дека денеска на владина седница е усвоен Стратегискиот одбранбен преглед.
Со овој документ се дефинира одбраната и нејзиниот развој, и агендата во сферата на одбраната, за Мaкедонија да добие одбрана согласно стандардите на НАТО. Сепaк, за дел од обврските потребни се и 5 години, за кои Шеќеринска се надева дека нема да станат пречка на интеграциајта на Македонија во НАТО.
НАТО алијансата е трпелива и ќе почека МАкедонија како идна членка технички да ги усогласи стандардите со остантите армии, вели министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Гаранциите за повисоки плати за војниците, соодветно вооружување, зголемување на бројката на војници и најважниот услов – 2 проценти од бруто домашниот производ за Армијата, се напишани во 4 годишниот Стратегиски одбранбен преглед презентиран овде и во НАТО.
0,2 отсто зголемување на сегашните 1 процент од вкупнито државен буџет во наредните 5 години. Но, колку пари Македонија ќе потроши на вооружување ќе се знае по приемот во Алијансата.
Министерката не криеше дека одлично соработувале со претседателот Иванов за поделените ингеренции кон Армијата пишувајќи ги документите за плановите, иако Иванов одбива да го потпише договорот со соседна Грција за промена на уставнотот име кое беше политичка пречка за влез на земјата во НАТО.
Павле Беловски