
Шекеринска: Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска непосредно пред самитот на НАТО во Брисел со видео изјава до граѓаните на Македонија потенцира дека следните два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили, и дека од 2008 година граѓаните видоа што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион.
Поканата беше блокирана десет години, поради проблемот со името. Во процедурата за Македонија, нема да има ништо поразлично од приемот на останатите земји, но како услов останува целосно исполнување на Договорот за името. Сепак, нема да има забелешки за политички критериуми, како поканата за ЕУ. Поканата за Македонија, според последниот драфт кој го има македонската влада, ќе биде со иста формулација како и за Црна Гора, но и Албанија и Хрватска, последите три примени членки на НАТО.
За половина час на прес конференција генералниот секретар на Aлијансата, Јенс Столтенберг, ќе ја објави агендата на Самитот. Се очекува да доминираат три главни теми за идното функционирање на алијансата, меѓу кои најжешка ќе биде дебатаа околу финансирањето, бидејќи само шест земји издвојуваат два насто од бдп, што е стандард, на чие строго почитување инсистира американскиот претседател доналд трамп. Македонија ќе биде дел од состанокот со партнерите во авганистан, во четврток, по што се очекува средба на столтенберг со македонската делегација, предводена од премиерот зоран заев, по која и официјално ќе биде соопштено врачувањето покана за почеток на пристапните преговори.