Шеќеринска: Има волја во Собранието за Законот за ЈО

Гласањето за законот за ЈО, значи и гласање за влез во НАТО и ЕУ, рече министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Истакна дека во Собранието има волја да се изгласа законот за ЈО, и дека во наредните неколку часа или денови ќе се знае кој е за ЕУ.

„Според моите информации, двотретинско мнозинство за Законот за ЈО има, но тоа никогаш не се знае во нашето Собрание, се додека не се случи“, одговори Шеќеринска.

Министерката очекува Шпанија да го ратификува протоколот за влез на Македонија во НАТО до средината на март месец, бидејќи како што објасни процедурите во шпанскиот парламент се малку посложени во споредба со нашите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ