
Шекеринска: Да со го честитаме членството во најголемата и најмоќната воено политичка алијанса, честитки за трпението, за волјата и за истрајноста
Станавме 30 членка на НАТО по 30 години чекање, стигнавме до оваа цел затоа што додека другите одолговлекуваа ние ршававме и носевме одлуки. Носевме одлуки за кои мислевме дека се исправни и дека се во интерес и на оваа и на сите следни генерации граѓани, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата во Владата по повод на завршниот чин за ратификацијта на протоколот за притапување на државава во НАТО.
-Дојдовме до крајот на едно долго патешествие во кое учествуваа повеќе генерации политичари и граѓани. Ниту една политичка идеа во нашата независна држава, не преживеала како идеата за нашето за НАТО членство. Да со го честитаме членството во најголемата и најмоќната воено политичка алијанса, честитки за трпението, за вољата и за истрајноста, порача Шекеринска.
Министерката упати честитка и за припадниците на Армијата на Република Северна Македонија но и до НАТО.
-Честитки за Армијата кои преку заеднички операции и заеднички ризици ни го расчитуваа патот до НАТО членството. Честитки до Алијансата која доби 30 членка и која покажа дека рецептот на успех, на безбедност и економски напредок секогаш успева. Токму во овие тешки и важни проекти како што е проект нашето членство во НАТО и Европската унија, како и во овој моментален политички миг во кој се наоѓаме, огромна криза која се закануава и на целиот свет, токму во оваа мака се гледа на што можеме да се потпреме, од кого можеме да очекуваме мудрост, решение и одлука, нагласи Шекериннска.
Министерката апелираше дека овој успех ни даде оптимизам, сила, истрајност и вистинска политичка волја да се справуваме со новите предизвици. -Како што успеавме во политичката битка убедена сум дека како држава ќе успееме и во овој заеднички национален напор, додаде таа.