Шефот на словенечката дипломатија Церар во посета на Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Во пресрет на посетата на Скопје, Церар истакна дека Словенија посакува Македонија што е можно поскоро да стане дел од ЕУ и НАТО бидејќи тоа носи големи придобивки за земјата. Многу важен чекор што на Македонија и ги отвора вратите на ЕУ и НАТО се спогодбата за пријателство со Бугарија, а особено Договорот од Преспа со Грција, рече Церар.

Запрашан за тоа колку се реални изјавите на опозицијата дека е можно да се испреговара подобар договор за земјата од Преспанскиот, што е став и на грчката опозиција, Церар дециден дека треба да се следи волјата изразена од мнозинството граѓани кои гласаа на референдумот при понатамошниот процес на спроведување на договорот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ