Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас денеска престојува во посета на Република Северна Македонија. Мас ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Димитров и Мас, како што најавуваат од МНР, ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

По средбата Димитров и Мас, предвидено е да одржат и заедничка прес-конференција.

Пред посетата на Скопје, шефот на германската дипломатија за ДВ вели дека поништувањето на Преспанскиот договор ќе ја одведе Северна Македонија во меѓународен ќорсокак и отфрла алтернативи за членство во ЕУ.

  • За Германија е јасно: земјите од Западниот Балкан се интегрален дел на Европа, а нивната иднина е во ЕУ. Едно огромно мнозинство членки на ЕУ се заложија за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, затоа што тоа е и во наш стратешки интерес. Сепак, потребна ни е едногласност во ЕУ, и на тоа работиме. Германија со сите сили се залага да изнајдеме заедничка позиција во ЕУ и со тоа наскоро да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тоа во Скопје јасно ќе го ставам до знаење, вели Мас во интервјуто за Дојче Веле.

Додава декасака да ги охрбарби Македонија и Албанија да останат на реформскиот курс, бидејќи реформите не се само за приближување кон ЕУ, тие се важни и затоа што се од интерес на граѓаните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ