Шар Планина – заштитено подрачје, следуваат јавни расправи по предлозите со локалното население

Владата на вчерашната седница ја усвои иницијативата за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје. Согласно законската процедура во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози.

Одлуката ја поздравуваат невладините организациите кои во изминатиот период се залагаа Шар Планина да биде Национален парк, со која би се заштитиле природните ресурси, а исто така би се спречила масовната сеча на шума.

Од друга страна Ловечка федерација на Македонија на социјалните мрежи објави дека е против одлуката за прогласување две нови заштитени подрачја бидејќи со тоа ловството би имало трајни последици.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ