
Шансите за обесштетување од Нефа се мали, граѓаните бараат заменски мебел
Мали се изгледите дека оштетените граѓани од Нефа ќе си ги повратат парите за мебелот кој не го добиле оценуваат правниците. Оштетените можат да тужат на суд но ако се точни информациите пласирани во јавноста дека сопственците на фирмата избегале а претпријатието нема доволно имот многу тешко дека граѓаните ќе ги наплатат парите кои ги уплатиле за мебел вели адвокатот Звонко Давидовиќ.
Но обвинителството, може да отвори кривична постапка. Давидовиќ потсетува дека ова не е прв пат странски инвеститори да остават на цедило и вработени и клинети и си оделе не оставјки никаков имот за наплата . Проблемот го лоцира во регулативата и во недоволната заштита домашните потрошувачи и работници од странски инвеститори.
Свесни дека подобро е да земат било каков мебел отколку никаков и оштетените клинети денвоиве се растрчани по продавниците и магацинот на Нефа кој се наога во скопско Батинци Сопственикот на магацинот кој не сакаше да даде изјава пред камера ни раскажа дека и тој е оштетен.
Нефа веке му должи една кирија а деновиве целосно изгубил контакт со раководството на фирмата во земјава. Не му кревале телефон и не добил официјано известување дека затворааат. Ваков исход најмалку очекувал бидејки како што ни кажа пред само половина година склучил со договор со Нефа за изнајмување на магацинот на 5 години.
Деновиве забележал и зголемен интензитет на граѓани во магацинот и си помислил дека се зголемила продажбата и дека на компанијат добро и оди бизнисот но само по неколку дена разбрал дека тоа се всушност граѓани кои дошле да земат било што од магацинот за да не останат со празни раце. Сега вели внатре останало уште малку мебел.
Овде соодветна замена за гарнитурата која ја платила 30 илјади денари нашла и клиентка која не сакаше да и се открива идентитетот. Кога почнала да се распрашува кога ќе и ја испорачаат не добила информација и почнала да се сомнева.
Зошто српско руската фирма преку ноќ ги затвори своите продавници одговори бараат и во Србија. Тамошните медиумите повикувајки се на аналитичари пишуваат дека една од можните причини е фирмата да работела лошо и со загуба.
Српските медиуми неофицијално известуваат и дека градските власти од Врање стапиле во контакт со сопственик на руската компанија Спилит, Андреј Ходашевиќ кој им рекол дека планира да ја продаде фабриката која го прозиведува мебелот што се продава во Нефа.
На прашањето зошто преку ноќ ја напуштил компанијата, одговрил дека не бил задоволен од менаџментот и дека во последно време работата одела лопо поради незадоволителниот квалитет на прозиводите поради што имало и често рекламации на мебелот.
Според податоците во централниот регистар макеоднската Нефа мебел е основана во јануари мината година со паричен влог од 5000 евра.
Нема евидентирано залог на имот или извршување нема постапка за стечај ликвидација или казна.
Но според податоците интересно е тоа што пред само две недели добива нов управител извесна Јулиана Вицо која доага на местото на Дане Тодоровски кој бил точно една огдина на управителската позиција во Нефа.
Сопственик на македонската Нефа е белградска фирма Холодекс.
Елена Ивановска Мукоска