Северна ли е Македонија или не, расправа во Судскиот совет кој во мандатот на Караџовски „заборави“ да расправа за судиите-политичари

Новото име на државата предизвика препирка во Судскиот совет, многу посочна отколку кога членовите на советот расправаат за одговорност на судиите и грешките во судството. Откако се разгледа извештајот за нивната работа лани, претседателот на советот Караџовски побара помош од колегите, дали извештајот да го крсти по новото име Република Северна Македонија или да го употреби старото уставно име кое се уште важеше во 2018-та, периодот за кој се прави извештајот.

Му реплицираше членот Селим Адеми кој се прашуваше зошто Караџовски уште калкулира со уставното име на државата, не ги сменил таблите, а името го употребува на седниците.

На крај беше одлучено извештајот за работата да оди под уставното име Северна Македонија. На Караџовски ова му беше последна седница која ја води, веќе во четврток ќе биде избран негов наследник. Тригодишниот мандат заврши без ниту една постапка за политички врски на судиите со функционери и директорот на тајната служба иако преку бомбите се откри дека за нови судии требало да се најдете во тефтерчето на поранешната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ.  Законот за Судски совет забранува политички влијанија врз судството.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ