Семејството Зекири меѓу новите 62 случаи корона вирус

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири е еден од 62 цата новозаболени со Ковид 19.

Попладнево тој на својот фејзбук профил објави дека заразени се и неговата сопруга и три месечното бебе.

Во телефонски разговор за Телма вели дека ги почитувал сите мерки, дека не одел на верски обреди а единствено излегувал на пазарење.

Не знае од каде го добил вирусот, но прва симптоми почувствувала неговата сопруга па за тоа и се тестирале. Вели дека сега тројцата се добро.

Уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни.   Во исто време, жалам и им се извинувам на сите со кои сум бил во контакт последниве денови и можеби ненамерно ги доведов во незавидна ситуација, вели Зекири.

Земјава достигнува рекорди во регионов по новорегистрирани случаи. Од денешните 62-ца, дури 24 се во Скопје, 14 во Штип, 12 во Тетово, Куманово и струга по четири, гостивар тројца и велес кочани и валандово по еден.

Направени биле 771 тестирање а од нив на скринингот одпаѓаат 221 и од тие нема позитивни. Тоа значи дека од 550 регуларни тестови бројот на позитивни надминува 11 проценти.

И додека со денови се качува бројот на новозаболени, политичките партии се на терен за собирање гласови за изборите и покрај апелите на докторите кои им порачаа дека треба да го повикаат своето членство на примерност во мерките. Денеска Премиерот во техничката влада Оливер Спасовски од партиски настан во Куманово рече дека бројќите се резултат на саботажа од ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ пак Христијан Мицковски на фејзбук ја обвини комисијата за заразни болести дека делува партиски, а од неговата партија на прес рекоа деак кампањата и делењето на пакети по штабовите на СДСМ си го сториле своето.

Деновиве стана јасно, дека постои силно политичко влијание и притисок врз Комисијата за заразни болести. Тие работат под политички диктат на Зоран Заев и Венко Филипче.Наместо заштита на здравјето на граѓаните, Комисијата се труди да му удоволи и да ја спаси политичката кариера на еден политичар во заминување – тврди Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека пред само една недела претседателот на кризниот штаб Бујар османи им се заблагодари на граѓаните дека ги почитувале мерките.

Од пред неколку денови после зголемените бројки започна да ги убедува дека навистина постои короната.

Денеска има и двајца починати. 60 годишен стружанец и 64 годишен гостиварец.

За разлика од земјава во Србија на 9 милиони жители вчера иамше 27 новозаразени,  во Грција на 10 милиони само шестмина, Бугарија на 7 милиони 14 нови случаи , и Албанија – на речиси 3 милиони  жители исто така 14 заразени.

Во земјава пак вчера имаше 35 мина а пред два денови 52-ца.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ