Семејството на Фросина Цековска разочарано, возачот не одговарал за неукажување на помош

Разочаран од правосудство и од институциите Љупчо Цековски кој пред четири години ја загуби својата ќерка Фросина во сообраќајка кај Универзалната сала, бара ново судење против  возачот на автомобилот Љубиша Видојковиќ, кој смртно ја прегази Фросина а судовите низ годините му ја намалија казната од првичната пресуда 6 ипол години затвор на 3 години. Вели од првиот ден имал сомнежи дека правдата нема да се истера до крај и тоа се покажало.

Цековски вели дека во текот на судењата отпаднало делото со кое Видојковиќ одговараше и дека не и укажал помош на неговата ќерка по сообраќајката, туку избегал. Сепак и за второто дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот апелација му пресудила под законскиот минимум од четири години.

Од обвинителството за Телма велат дека кривичното дело за неукажување на помош било исклучено откако за тоа дала насоки скопска апелација првиот пат кога одлучувала за овој предмет и го вратила на повторно судење. Дали пресудата ќе стаса пред Врховниот суд обвинителстовто ќе одлучува откако ќе го добие образложението.

Јавното обвинителство по приемот на пресудата ќе ја разгледа правната аргументација и ќе ги испита можностите за натамошно постапување.

Првата пресуда на Кривичен беше шест ипол години затвор. Обвинителството се повикуваше на вештачењата според кои Видојковиќ имал 1,2 промили алкохол во крвта и возел со недозволена брзина брзина од 85 км на час а одбраната дека Фросина го минала булеварот Партизански одреди на црвено светло за пешаци. Апелација еднаш го врати предметот на повторно судење во кривичен кое заврши со четири години затвор за возачот. Вчера му ја намали казната за уште една година.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ