Семејна расправа за имот стои зад тројното убиство во Дебар?

Наместо на веселба, сопржужниците Амит и Назмие Поцеста на возраст од 54 и 53 години, и нивната 14 годишна ќерка Анила, заминаа во смрт. Тројцата биле застрелани ноќе додека спиеле во семејната куќа на ул. 1 Мај во Дебар.

Убиените неофицијално  биле пронајдени речиси еден ден по лишувањето од живот, по што случајот бил пријавен во полиција. Роднините кои живеат во соседната куќа велат дека не слушнале ништо, ниту забележале нешто сомнително. Додаваат дека Поцеста било мирно семејство и не знаат зошто некој посегнал по нивниот живот. Истакнуваат дека е среќа што во трагичните моменти тука не биле другите две деца од петчленото семејство, кое утре требало да замине за Италија, каде инаку постојано живеело.

Неофицијално во Дебар се зборува дека убиецот бил познат на семејството Поцеста, со кого имале расправија за имот. Ваквите наводи не ги потврдуваат од полицијата, која изврши увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител врз телата на жртвите ќе биде извршена обдукција.

Тројното убиство денеска е главна тема на разговор помеѓу жителите.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ