
Селекторите на новата ДКСК отфрлија 22 кандидати- во сабота ќе почнат со распит на идните борци против корупцијата
Беа 80, останаа уште 58 кандидати за нови борци против антикорупцијата. Паднаа на првиот филтер оти се пријавиле иако немале соодветно образование во конкурсот за 7 членови на антикорупциската комисија.
За претседател на комисијата која ќе ги спроведува интервјуата на кандидатите е избран Мухамед Зекири, пратеник од владеачката СДСМ. Иако во комисијата има два претставници на невладиниот сектор, член од кабинетот на народниот правобранител и вкупно 4-ца пратеници, од кои двајца од опозицијата, изборот паднал на Зекири кој тврди дека сите ќе бидат еднакви во одлучувањето.
На денешната прва седница на комисијата за селекција, беше отсутен еден член од НВО секторот кој е на службен пат до недела и бил известен дека е избран во последен момент. Без него ќе треба да поминат и интервјуата на кандидатите кои ќе ги поминат сите филтери затоа што тој распит ќе почне во недела. Сите се надеваат дека новата антикорупциска комисија ќе биде избрана до распишување на претседателските избори. Селекторите кои ќе бираат се покрај Зекири, пратениците Артан Груби, Владанка Авировиќ и Зоран Илиоски, невладините Сабина Факиќ и Бесим Небиу и Дане Целески од народниот правобранител.
Миомир Серафиновиќ