
Села треба да сведочи за насилството во Собранието
Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села денеска во Кривичниот суд треба да сведочи за насилството во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.
Тој ќе се соочи со десеттемина обвинети за обид за негово убиство.
На претходното рочиште адвокатот на Зијадин Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.
Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.