
Села лут на Заев, не оди на средба поради Таравари
Одземените ингеренции на Таравари, го разлутија лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Првично ја прифатил, но по информацијата за одлуката на МОН ја одби поканата од премиерот Зоран Заев за заедничка средба денеска – на тема консензуален кандидат за претседател. Ова го потврди и Заев. Се слушнале со Села по телефон но бил револтиран токму поради Таравари.
Но Заев вели е оптимист. Утре има средба со Билал Касами од БЕСА и се надева дека ке дојдат до решение за заеднички претседател. Вели дека се надева на успех но ако тоа не се случи дека вреди што се обиделе. Инаку претходно Алијанса и БЕСА најавија дека заедно ќе понудат кандидат за претседател. Предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети не го прифатија, а тој беше сите албански партии на престојните избори да имаат заеднички кандидат.
Билјана Николовска