Села и Гаши одлучија сами да се обидат да го победат Али Ахмети

Откако пропадна идејата за трипартиска коалиција со БЕСА, Зијадин Села и Африм Гаши одлучија сами да се обидат да го победат Али Ахмети.

Потпишаа договор за заеднички настап на изборите на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Типуваат на најмалку 180 илјади гласа, но и на разочараното гласачко тело на ДУИ кое сака промени.

Не планираат коалиција со други партии, особено не со македонските, за што велат дека уште не се создадени услови.

Постизборното коалицирање ќе зависи од резултатите.

Ниту Гаши, ни Села не сакаа да ги коментираат гласините за предизборно коалицирање на СДСМ со ДПА и БЕСА. Велат дека тоа е нивна работа. Убедени се дека нивното обединување ќе им донесе победа на изборите.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ