
Села: Евтин театар меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села обвини за евтин политички театар меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
И претседателот на комисијата за мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски на својот ФБ профил напиша дека собранискиот спикер Талат Џафери го злоупотребил собранието и го заштитил организаторот на упадот во Собранието, Трајко Вељаноски од притвор, правејќи „будали од сите“.
„Нашиот глас за Талат Џафери на 27 април резултираше со обид за наше убиство, и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Денеска прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат. Тоа е уште лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет, пишува Павле Богоевски.