
Сексуално вознемирување во полициска станица-началникот на ПС Гази баба суспендиран и под истрага
Командирот на полициската станица Газибаба вршел сексуално вознемирување на полицајка, утврдила Внатрешната контрола на МВР.
Поради инцидентот побарано е СВР Скопје да го суспендира 49-годишниот командир и да отвори дисциплинска постапка против него. За престапот ќе биде известено и надлежното обвинителство за гонење на организиран криминал .
Според соопштението на МВР, командирот неколку пати, а последен пат во ноември ја искористил позицијата и сексуално вознемирувал полицајка од станицата во Автокоманда на која и бил шеф. Непристојните предлози после одбивањето на жената се претвориле во закани од командирот.
Внатрешна контрола открила дека уште две полицајки имале сличен проблем со командирот, но поради долгото време поминато од тие инциденти постои апсолутна застареност за да се отвори дисциплинска постапка против командирот за новооткриените случаи.