Секој ден по 20-тина нови случаи во Тетовско

Во тетовско-гостиварскиот регион расте бројот на заразени со Ковид 19. По дваесетина нови случаи речиси секојдневно се регистрираат на тетовското подрачје. Од минатата недела започна зголемување на бројката на заразени и во гостиварско, така што состојбата на денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб ја оценија како сериозна.

Загрижува што заболени има од различни населби и села, што значи се отвораат нови кластери и расте ризикот од ширење на заразата.

Се зголеми и бројката на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение во Гостивар. Болничката управа работи на зголемување на капацитетите и реорганизација на медицинскиот персонал.

Од Клиничката болница во Тетово, пак, уверуваат дека оваа институција ги поседува сите инфраструктурни и човечки капацитети за успешно справување со состојбата и зголемениот број на пациенти дијагностицирани со КОВИД19. Инаку на тетовското подрачје повеќе од половина од вкупниот број регистрирани се активни болни лица, а деновиве чести се и смртните случаи.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ