
Секој четврти двокатен автобус скапува во гаражите на ЈСП
Прво снема дел од двокатните „Кинези“ на улиците, па се појавија дотраените „хармоники“, за на крај да стаса и вистината во бројки. ЈСП со шокатни податоци за Tелма – од 380 автобуси возен парк, 100 се дефект во депоата за автобуси во Ѓорче Петров и Автокоманда. 30 црвени „кинези“ се претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински од марката ЛАЗ, набавени само пред 7 години.
Некои од овие возила стојат расипани од 2015 година. Се работи за сериозни дефекти на мотори и менувачи, порaди што сервисирањето е скапо, комплицирано и економски неисплативо, бидејќи во меѓувреме од тие возила се извадени и други делови, велат од ЈСП.
Телма, со денови се обидува да открие зошто на ЈСП и недостасува една четвртина од возниот парк на улиците.
Ако се погледнат наназад јавните набавки на ЈСП за резервни делови, никаде не се споменуваат или бараат мотори и менувачи, за што потврда стаса и од самото претпријатие.
ЈСП-Скопје годишно објавува околу 200 огласи за јавни набавки од кои најголем дел се однесуваат на набавка на резевни делови. Генерално, ЈСП-Скопје редовно има склучувано договори за набавка на делови потребни за редовни сервиси и одржување на автобусите (делови за кочиони ситеми, филтери, црева, каиши, држачи и др.), стои во соопштението на ЈСП Скопје.
Можеле да се склучат договори со сервисири и добавувачи навреме, тврди и поранешниот градоначалник на општина Аердором.
Ако се погледнат техничките карактеристики кинеските и украинските автобуски поседуваат менувачи од ист германски производител „Фридрихшафен“ од Германија. Моторот на киенските автобуси е американски и достапен на пазрот, а на украинските е германски. Додека раководните лица од оваа и претходната власт си ја префрлаат вината кој го запоставил одржувањето и набавката, анонимен извор за Телма тврди дека само заради гуми не возат дополнително 46 нови автобуси.
Тврдам дека 27 автобуси само во Автобаза Ѓорче Петров се вон сообраќај, само за гуми. Заклучно со вчера во Автобаза Автокоманда таа бројка е 19. Од утрово забрзано се комплетираат тие автобуси со разни ситници кои не беа монтирани, или од нив беа демонтирани, како ремени, водни пумпи и слично. Па за некој ден ќе ги видиме тие автобуси низ градот, вели нашиот извор.
До сега никој не одговори соодветно зошто јавното претпријатие сеуште чува автобуси на паркинг заради недостаток од делови и гуми, иако заклучно септември две фирми испорачале 250 гуми за сума од 130 илјади евра.
Во 2011 стаса првата транша од 66 црвени, високи возила на два ката, со помпа, политичари и партиски подржувачи.
Истата година пристигна и украинската испорака. Еден автобус не тргна на самиот старт, беше расипан. Секое кинеско возило државата ја чинеше 173 илјади евра или вкупно 35 милиони евра. И уште 11 милиони евра за 69 украински. Претходната градска власт според оваа ги набавувала, а не сакала да ги сервисира, тврди Шилегов. Дополнително загадуваат затоа градот ќе набавува нови 30 еко автобуси и електрични автобуси кои на пазарот достигнуваат цена до 300 до 500 илјади евра за еден.
И по една недела официјалано барање од екипата на Телма до службите во ЈСП да се овозможи снимање во депоата, ЈСП се уште не ги отвора вратите.
Павле Беловски