Секое второ дете страда од респираторни болести

Секое второ дете страда од респираторни болести. Загадениот воздух е причина за  за низа кардиоваскуларни болести, зголемена смртност кај децата, предвремено раѓање или генетски мутации на плодот. И наместо здравјето на детето и правото на чист воздух да биде приоритет, Собранието и пратениците во изминатата година се занимавале со се, но најмалку со правата на децата, говорат истражувањата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во Македонија.

Во Македонија се случува ЕКОЦИД. Парламентот како централна власт треба да спроведуваат закони кои ќе ги унапредуваат правата на децата. Здравјето на децата треба да биде приоритет и високите дозволени канцерогени честички ПМ 10 и 2, 5 честички треба да се намалат според европските стандарди во законодавството и Европската Унија на дозволени 40. Тоа е многу важно затоа што правото на живот на детето е доведено во прашање, кое е загарантирано и со Устав и со Конвенцијата за правата на детето, вели Драги Змијанац од Првата детска амбасада Меѓаши.

Според Змијанац пратениците преку парламентарната група за правата на децата, која е формирана пред еден месец, мора да ги актуелизираат ваквите прашања, владата и релевантните сегменти да дадат отчет што се презема за здравјето на децата и нивните права, тоа е нивна должност.

Целокупниот општествен контекст и целокупните одлуки кои треба да ги донесе Собранието на Р. М не се во насока за директно да разговараат за правата на децата. Сите одлуки кои се носат и сите закони кои се носат индиректно влијаат врз квалитетот на животот на децатата во Македонија, вели координаторката на проектот Јана Зенговска.

Граничните вредности кои се најстрогите правила во законодавството на Европската Унија дефинираат дека дневната граница на присутност на ПМ десет честичките не смеат да бидат над 40 микрограми на метаркубен. Состојбата во земјава во која се счучува два дена последователно  да е над 75 микрограми на метар кубен е алармантна. Според податоците на Институтот за јавно здравје годишно во Македонија умираат 1600 луѓе како последица на загадувањето.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ