Секое четврто дете во земјава е сиромашно

И натаму драматични податоци за детстаката сиромаштија – секое четврто дете е сиромашно, а само едно на 300 деца од сиромашни семејства одат во градинка. Само две од три деца од таквите домаќинства, пак, одат во средно училиште. Властите најавуваат битка со сиромаштијата со многу повеќе буџетски пари. Речиси ништо е сегашната бројка од 3.500 деца кои добиваат детски и образовен додаток, вели министерката Цароска, и најавува дека од идната година овие средства ќе доаѓаат до над 60 илјади деца.

  • Реформата опфаќа детски и образовен додадток. Секое семејство кое има една минимална плата во своето семејство, за две деца во основно и средно образование ќе добие околу 3.300 денари, едното е образовен, другото е детски додадток. Семејство кое е сега на социјална помош, а тоагаш ќе биде на гарантиран приход, ќе ги добие истите средства“, вели министерката за труд и социјала Мила Царовска.

Дали со 55 евра за две деца може да им се помогне на сиромашните деца, од УНИЦЕФ, кои помагаат во реформата, се свесни дека тоа не е возможно, и само парите не се доволни, но е добар почетен чекор.

  • Мислам дека овие приходи, паричната и социјалната помош, не се доволни, за да се извлече семејството од сиромаштија треба да се направи инвестиција во образованието, во креирањето нови работни места, во странски инвестиции, за да се овозможи нивна самостојна егзистенција и да се извлечат од сиромаштијата“, вели Бенџамин Перкс, УНИЦЕФ.
  • Не се работи само за прашања на индивидуална рамноправност, туку за растот и напредокот на целата држава“, вели Марко Мантованели, директор во СБ за Македонија и Косово.

Од Владата се бара да го направи системот на социјална заштита таков што ќе допре до сите кои имаат потреба, да го зголеми за 50 отсто бројот на деца кои одат во градинка, со посебен фокус на оние од сиромашните средини, а здравствениот и социјалниот сектор да соработуваат со родителите.

 

Нина Нинеска Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ