Седумстотини админитративци од Секретарјатот прифатиле прераспределба но колкумина одат на работа?

Седумстотини педесет и двајца административци од  Секретарјатот за спроведување на рамковниот договор прифатиле да бидат прераспоредени во други државни институции додека нешто повеќе од двесте одбиле да го потпишат договорот. Ова е првата група на државни службеници од Секретарјатот кои со години не одат на работа но редовно примаат плата од Буџетот

Министерот Манчевски не прецизираше дали некој од административците се појавил на новото работно место и почнал редовно да оди работа и посочи дека процедурите за нивно превземање се почнати.

Манчевски додаде дека административците кои одбиле прераспоредување се ставерни на трансфер листата која инаку не е достапна во јавноста.

Минатиот период од Владата во неколку наврати соопштија дека 90 отсто од административците во Секретарјатот прифатиле прераспоредување, но бројката од 752 е помала.

Проектот за пресрапоредување официјално го најави вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика кон крајот на март. Уште од самиот старт на овој помпезно најавен проект немаше временски рокови кога всушност овие службеници мора да се појават на работно место.

Во Секретарјатот за спроведување на рамковниот договор има 1.700 службеници, но освен стотина, останатите со години наназад не одат на работа но сепак уредно добиваат плата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ