Седумнаесет годишно момче избодено во Ново Лисиче

Траги крв се уште има во паркот во Аеродром. Сведочат за тоа што се случило околу полноќ – но, зошто се случило и која е причината – момче на само осумнаесет години да прободе седумнаесетгодишник, ќе кажат оние коишто истражуваат.

„Започнала расправија од страна на неколку лица која продолжила со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.“, соопштуваат од МВР.

Од полиција засега знаат дека имало кавга и како таа завршила. Веднаш по тоа му ставиле лисици на осомничениот и го однеле во станица. Доказите се уште се собираат.

МВР го има дадено случајот на обвинителство, а осомничениот се уште е во станица и чека да биде изведен пред судија на претходна постапка. Но, за тоа што го направил не се интересираат само институциите. Стручните лица и психолозите, бараат одговори зошто млади луѓе се повеќе се склони на испади во однесувањето. Вера Цуракова има обработено и анализирано повеќе од 80 карактери и ги има дел од одговорите.

Цуракова анализира дека однесувањето особено на младите многу зависи од нивното опкружување во семејството или пак дали и какви одмазнички мотиви имаат, пред да посегнат по оружје и да направат нешто.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ