Седуммина заболени на гинекологија во Прилеп

Седум здравствени работници од Гинеколошкото одделение во прилепската болница се позитвини на Ковид-19. Четири се болничарки, три медициснки сестри а 9 вработени кои биле во контакт со нив се во изолација. Инфекцијата се проширила откако болничарка заболела надвор од болницата. Имала лесни симптоми, па мислела дека е обична настинка и доаѓала на работното место.

Немала сознанија дека била во контакт со некој заболен од Ковид-19 и не криела а оној момент кога кренала температура била испратена на тестирање. Кога е утврдено дека е позитивна, веднаш е остранета од работното место, изјави Драги Богојески, директор на општа болница – Прилеп.

Гинеколошкото одделение продолжува со работа, но со намален капацитет поради преполовениот персонал. Ќе се примаат само итни случаи а породувањата ќе се одвиваат вообичнено. Епидемилозите утврдиле дека ниту еден пациент не бил доведен во ризик, велат од болоницата.

Персоналот кој е присутен работи со пациентите обезбеден со сите заштитни средства од маски, ракавици и визири при контактот и работа со пациентите. Можноста и ризикот да се зарази некој од пациентите кои доаѓаат и лежат во Гинеколошко одделение е сведен на минимум, изјави Богојески.

Од  вработените на Гинеколошкото одделение заразени со Ковид-19, само првозаболената болничарка е хоспитализирана, останатите се на домашно лекување. Центарот за јавно здравје ќе изврши дезинфекцја на сите простории во гинеколокто одделние во прилепската болница. Дсоега во Прилеп заразени се вкупно 18 здравсвени работници.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ