Седуммина обвинети за несреќата кај Ласкарци, меѓу нив возачот и газдата на Дурмо турс

Сопственикот на Дурмо турс, возачот на автобусот и уште петмина се обвинети за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 патници а 38 беа тешко повредени. Скопското обвинителство денеска го поднесе обвинението за тешки дела во сообраќајот. Сопственикот на Дурмо заедно со одговорниот за возен парк се обвинети дека не вршеле никаква контрола на автобусите.

Напротив иако биле свесни дека може да предизвикаат несреќа го пуштиле автобусот да превезува патници а знаеле дека технички е неисправен,

не ги контролирале возачите и не воделе евиденција по колку часови дневно возат и дали имаат паузи, а не контролирале ниту со колкава брзина се движат.

Возачите сами меѓусебно се договарале колку и каде ке возат. За нивни соучесници се обвинети уште тројца вработени во станицата за технички преглед. Во јули лани утврдле дека кочниците се неисправни.

Сепак ова не го нотирале во записникот од техничкиот преглед.

На следниот технички не ги ни контролирале кочниците но напишале дека автобусот е технички исправен.

“Сопственикот на фирмата-превозник не водел сметка за исправноста на тахографот и дозволил да се изврши манипулација на овој уред за да не ја регистрира правилно брзината на движење на автобусот. Обвинетиот раководител на возниот парк, пак, давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот со цел да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци. Двајцата не презеле дејствија за поправка на системот за сопирање на автобусот, знаејќи дека ќе биде прогласен за технички исправен. Техничките прегледи се вршеле во здружение во кое првиот обвинет исто така е одговорно лице-управител” – тврди обвинителството.

Обвинет е и возачот кој ја преживеа несреќата. Возел пребрзо со 99 километри на час а поради тоа што тахографот бил штелуван давал помала брзина.

На кривината пред Ласкарци вртел десно но бидејки бил брз изгубил контрола преминал на спротивната лента и се превртел во долот.

“Неконтролирано се движел најпрвин преку средишното зеленило кое ги раздвојува двете сообраќајни ленти, преминал преку заштитната ограда за сообраќајната лента во спротивна насока и преку коловозот во спротивна насока. За ова време успеал да ја намали брзината на автобусот на 67 км/час пред да удри во последната заштитна ограда, но поради недозволената брзина и недоволно ефикасниот систем за кочење, излетал со автобусот 5,5 метри под нивото на автопатот, се излизгал преку регионалниот пат Скопје-Тетово и се превртел на покрив на земјена и тревна површина покрај патот” – додаде обвинителството.

Обвинение има и за контролорот задолжен за работата на тахографот.

Тој иакјо иако утврдил дека постои вграден уред за манипулација сепак издал потврда за негова исправност. За него обвинителството не бара притвор, но за останатите Шестемина кои во моментов се во домашен обвинителството бара да им биде изречен притвор.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ