Седум загинати во невремето на Халкидики, нема повредени македонски туристи

Вака излгледаше синоќешното невреме на Халкидики. Резултатот е седум загинати, над сто повредени, и огромна штета… Луѓето сведочат за стравот, плачот на децата, кои не можеле да ги додржат за раце, и паниката. Овие катаклизмични сцени траеле 20 минути.

  • Ветрот стори се. Ветрот. Дождот беше ништо. Силен ветер кој не остави ништо да стои“, вели еден локален жител.
  • Имаше силна бучава. Што да ви кажам? Ниту топови не прават таква бучава. Дождот удираше како да се камња. Немав маица на себе и излегов да ги соберам децата, и додека врнеше чувствував како камења да ми  удираат по грбот.

Шестмина од загинатите се туристи, а еден е локален рибар. 54-годишната жена со 8-годишниот син од Романија се сокриле во една таверна во Неа Плагија. Но, кровот од објектот се урнал врз неа, а детето силниот ветер го подигнал од тлото и удрило во стаклен излог..

Во Созопол, бурата преврте туристичката приколка на брачен пар од Чешка. Двете безживотни тела се пронајдени внатре.

Во Неа Потидеа дрво уби 39-годишен маж, заедно со неговото две годишно дете кое го држел в раце, додека бегал кон хотелот. Македонска туристка за Телма сведочи за долгата и страшна ноќ.

  • Ние бевме сместени во ресортот на првиот ред на плажа. Страшно беше снема и електрична енергија. Јас лично бев и со 10-месечно бебе. Никаква комуникација со останатите туристи. Вода навираше од секаде собите се поплавија. Дрвјата почнаа едно по едно да паѓаат, се откорнуваа, сведочи македонската туристка.

Македонското МНР брзо реагирало. На нашите државјани им била понудена помош, биле предупредени да останат бидејќи следува уште еден налет од невремето, но и покрај тоа, дел од туристите самоиницијативно заминале дома.

Невремето доаѓа откако заврши топлотниот бран кој ги искачи темепратурите до 45-от степен. Последица е на директниот контакт на топлиот и ладниот фронт во атмосферата.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ