
Обвинителите во вторник ќе гласаат за 4 членови на Советот на јавни обивнители – пријавени 7 кандидати
Ќе се обновува речиси половина од составот на Советот на Јавните обвинители. Следната недела на 16ти јуни, обвинителите низ цела држава ќе гласаат за избор на 4 ца нови членови на советот на јавни обвинители. Седум обвинители конкруирале за 4 места кои се испразнуваат во јули а каде до сега седеа пораншените претседатели на Советот Коле Штерјев и Петар Аневски и членовите Фиданка Рајевска и Деса Пауновска. И покрај тоа што обвинителите ќе треба гласаат среде пандемија и најверојатно во предизборие, според претседателот на советот на јавни обвинители Ацо Колевски итно треба да се изберат нови членови и нема опасност од ширење на заразата во обивнителствата каде што ќе се гласа.
Поранешниот претседател на Советот Коле Штерјев и неговата колешка Фиданка Рајевска повторно ќе се натпреваруваат за своите позациии како членови на советот на јавни обвинители. Но конкуренцијата за 4-те места што се испразнуваат е малубројна. За членовите на советот кои догаат од подрачјето на вишити обивнителства Скопје Битола и на листата од немнозинските заедници има по двајца кандидати а за член кој доаѓа од гостиварското подрачје се пријавил само еден обвинител. Во јули истекува мандатот и на замениот претседател на Советот Меџит Јусуфи но тоа место се пополнува со предлог на Собрнаието.
И покрај тоа што периодов пандемијата ги достигнува своите пикови, претседатлеот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски смета дека дека е итно и неодложно обивнитлеите низ државата да гласаат за членови на советот, за да не се блокира работата на ова обвинителско тело.
Доколку не биде продолжена вонредмната сосотјба и продолжи изорниот процес Колевски смета дека тоа нема да биде правна пречка за одржување на избори во советот. Со анти- корупциска Колевски вели се слушнал телефонски и немале конкретен став.
Од антикорупциска за Телма велат дека чекаат да го добијат на писмено барањето од Советот по што ке заземат став и ќе им одговорат дали може следната недела на 16ти да се гласа за членови на советот.
Советот на Јавни обивнитлеи кој бира обвинители и ја мониторира работата на обвинителствата го сочинуваат 11 членови мегу кои и државниот обивнител по функција. Мандатот на ченовите е по 4 години со право на резибор.
Елена Ивановска Мукоска