Седум нови позитивни случаи на Ковид-19 има во Штип

Уште една штипска конфенкија со 25о вработени е затворена, сите се во домашна самоизолација и ќе бидат тестирани, соопшти пред малку во Штип градоналникот, Благој Бочварски.

Здравствените власти информираат дека најмалку 7 нови позитивни случаи на Ковид-19 има во Штип.

Четворица се потврдени доцна синоќа кога пристигнале резултатите од МАНУ, а утринава се добиени уште три позитивни теста.

Со ова вкупната бројка порасна на 76. Во тек е скринигот на преку 500-тини вработени во текстилните фабриките во Штип кои по зголемениот број на заболени ставија клуч на врата.

Утринава директорот на штипската клиника Ален Георгиев, информираше дека има уште двајца хоспитализирани, со што бројот на заболени кои се лекуваат во оваа болница порасна на 16, тој вели дека станува збор за лица од истите кластери од текстилните фабрики.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ