(видео) Седум гости кај претседателот Пендаровски

Седум партиски лидери се на средбата кај претседателот Стево Пендаровски. На средбата се поканети сите лидери на партии кои имаат освоено пратенички места. На маса се седнати првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, на „Алтернатива“, Африм Гаши и на Движењето „Беса“, Билал Касами, како и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

За 20 часот е закажана средбата на премерот Заев со помалите коалициски партнери. Средбата е на барање на претседателот Пендаровски откако Македонија не доби одлука од ЕУ лидерите за старт на пристапните преговори.

Премиерот Заев во обраќањето до јавноста побара предвремени избори, а денеска на ФБ профилот напиша дека „сега сите ќе треба двојно повеќе да работиме, и да направиме за да сме двојно подобри. Промените и реформите не ги носи една влада, или 20 луѓе. Треба сите да се промениме и реформираме, сите два милиони.“

Се очекува на денешната средба да биде договорен датумот за предвремените избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ