Седум години затвор за Катица Јанева

Седум години затвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета за злоупотреба на службената положба во судскиот предмет Рекет. Бојан Јовановски доби казна затвор вкупно 9 години, за кривично дело незаконско примање награда пет години, и уште 5 за перење пари, но ќе му биде пресметано и времето од една година поминато во притвор.

Катица Јанева и Бојан Јовановски се виновни во судскиот предмет Рекет, беше кажано во судското образложение. Јанева ја олеснила постапката и мерката притор за бизнсименот Орце Камчев во предметот Империја. Зоран Милевски – Кичевец ги договарал средбите, а Боки 13 влијаел врз Јанева, сето ова го сториле за еденипол милиони евра.

На објавата на пресудата за случајот „Рекет“ денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствува само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот поради здравствени причини.

Бојан Јовановски реагираше дека денеска почнала политичката кампања, а кога почна да ги спомнува Заеви, судијката сакаше да го отстрани, но потоа го остави.

Обвинителката Вилма Русковска задоволна од пресудата за Јанева. Адвокатите на Јанева и Јованоовски сметаат дека пресудата не се заснова на докази.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ